На 25 март: Пет римски богови ќе се постројат на небото

Фото Слободен печат

Планетите Јупитер, Меркур, Венера, Уран и Марс во периодот од 25 до 30 март ќе се подредат во линија една зад друга, а на оваа неевообичаена парада ќе се придружи и Месечината.

На реткиот вселенски феномен, кој ќе биде впечатлив само ако се набљудува од Земјата, ќе му се придружи и Сатурн, но брзо ќе замине Јупитер, веќе на 28 март.

Астрономите објаснуваат дека целосниот феномен ќе биде видлив од места што не се „загадени“ од градската светлина, но и од секое место ќе може да се забележат барем најсјајните планети – Венера, Марс и Сатурн. При ведро небо, Уран и Меркур ќе може да се забележат со двоглед или, уште подобро, со телескоп.

Идеалното време и позиција, пак, е западниот хоризонт веднаш по зајдисонце на 25 март. Два дена подоцна, формацијата од планети ќе може да се забележи на источниот хоризонт, пред изгрејсонце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот