На 24 септември во МНТ премиера на претставата „Бесачи“

Фото: Стефан Н. Штерев

Претставата „Бесачи“ е работена по текст на актуелниот британско – ирски автор Мартин Мекдона, а во режија на Јавор Грдев. Изведбата на првата реприза е на 25 септември, а следните изведби се закажани на 8 и 9 октомври.

Во претставата игра веќе докажаната актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски, Трајче Ѓоргиев.

Асистент на режисерот е актерката Звездана Ангеловска, драматург е Дејан Дуковски, а преводот на текстот го направи Благоја Бошковски. Сценограф е Никола Тороманов, костимографијата е на Свила Величкова, композитор на музиката е Калин Николов и извршен продуцент на претставата е Симона Угриновска.

Билетите се пуштени во продажба преку онлајн системот преку веб страницата на МНТ/www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ, а цената на билетот за премиерната изведба е 500,00 денари, додека за репризните изведби е 300, 00 денари.

Возрасна категорија (18+).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот