На 20 декември нов протестен марш за чист воздух во Скопје

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

За 20 декември во 17 часот е најавен нов протестен марш во Скопје, за кој здруженијата за чист воздух и животна средина се обединија за да го организираат. И овој протест како претходниот, ќе почне пред Министерството за животна средина и ќе заврши пред Владата на СРМ.

Овој протест доаѓа по најголемиот еколошки протест во земјата досега, кога 30-ина граѓански здруженија од цела Македонија се здружија за да го организираат т.н. „Марш за чист воздух“.

Идејата на организаторите со протестот е да ја потсетат Владата дека првиот рок за исполнување на нивните барања истекува на 31 декември.

– Остануваме на улиците за да потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт и не смее да се чека ниту момент повеќе – се вели во најавата на протестот од организаторите Зелен фрон, зад кој стојат 35 граѓански здруженија и инцијативи.

По протестот на 29 ноември, Владата објави дека ги прифаќа првите седум изнесени барања на инцијаторите.

– Го поздравуваме чекорот на Владата за прифаќање на нашите седум првични барања, но се согласуваме да има средба само откако тие ќе бидат во целост исполнети – рекоа од „О2 иницијатива“.

ГАЛЕРИЈА l Илјадници граѓани од цела Македонија најгласно до сега порачаа: Сакаме да ДИШЕМЕ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот