На 18 јуни ќе биде соопштена пресудата за „Рекет“

Основниот кривичен суд во Скопје, судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Масевска, на 18 јуни ќе ја соопшти пресудата за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Закажувањето на пресудата доаѓа откако денеска своите завршни зборови ги кажаа Јанева и нејзините адвокати, а вчера тоа го направи и Боки-13 со својот бранител.

Обвинителката Вилма Русковска, пак, завршните зборови ги даде на рочиште на 26 мај.

Истрагата за овој предмет обвинителката Русковска ја отвори лани на 15 јули. Оттогаш, Јовановски се наоѓа во притвор, а околу еден месец подоцна беше приведена и Јанева. Таа пресудата ќе ја дочека од домашен притвор бидејќи во ноември лани притворот во затворот во Шутка ѝ беше заменет со домашен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот