ВИДЕО: На 17 години си изградил куќа за 5.000 евра

Фото: Принтскрин / Youtube

Замислете да имате 20 години и да живеете во потполна природа, во куќа која сами сте ја изградиле со своите 10 прсти.

Во Англија постои едно момче кое тој сон го претворил во реалност. Том сакал да се осамостои, но сакал и сам да направи своја куќа, па затоа затоа влегол во бизнисот на градење мали, едноставни куќи.

Том не сакал во 20-тите години од животот целата својата заштеда да ја дава на кирија, затоа се впушил во изградба на куќа.

Тој започнал да гради на имотот на своите баба и дедо. Кога имал само 17 години, купил приколка на која го започнал градењето на куќата. Сам ја направил изолацијата, приклучувањето на електрична енергија и вода. Додека да наврши 18 години, Том веќе сам себе си направил куќа.

Куќата има соларни панели. Том направил пумпа за вода која собира дождовница која му служи за туширање. Ова момче за изградба на оваа мала куќа потрошило 5.000 евра, а во неа се наоѓа кујна, дневна соба, бања и мала спална соба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот