На 16.000 заразени, 44 починале: Како Германците успеваат да се изборат со коронавирусот

Од СЗО наведуваат дека постојат повеќе причини заради кои Германија успешно се бори со коронавирусот.

Германија најдобро се бори против коронавирусот – до денеска се забележани 16.000 случаи на заразата, а само 44 смртни случаи, пренесува „Дејли мејл“.

Оваа земја има значително помала стапка на смртност од коронавирусот во однос на Италија, Кина, Велика Британија или Франција, покажуваат анализите на Агенцијата за контрола на болеста од Институтот „Роберт Кох“.

Од СЗО наведуваат дека постојат повеќе причини заради кои Германија успешно се бори со коронавирусот.

Едно од најчестите објаснувања е достапноста на креветите на интензивна нега. Германија има 25.000 кревети за пациентите со респираторни проблеми на интензивна нега, што значи дека пациентите имаат шанса брзо да закрепнат.

Владата на Германија најавува дека во наредниот период ќе го дуплира тој број, за да не се случи болниците да станат „пренатрупани“ со такви пациенти.

Германија е подобро опремена од своите европски соседи. За споредба, Франција има околу 7.000 кревети за интензивна нега, а Италија 5.000. Во Велика Британија има околу 4.000

Исто така, во Германија прават рани тестирања на вирусот. Тука е и мрежата на независни лаборатории, од кои многу почнаа тестирања веќе во јануари, кога бројот на случаи беше многу мал. Се проценува дека во Германија дневно може да се тестираат околу 12.000 луѓе.

Исто така, во Германија со вирусот е зафатена младата и здрава популација, за разлика од другите земји. Повеќе од 70 отсто од луѓето кои се заразени во Германија имаат меѓу 20 и 50 години.

Уште едно објаснување за ваквата ситуација во Германија понудиле италијанските експерти. Тие тврдат дека Германија, за разлика од другите земји, не ги тестирала оние кои веќе починале.

Тоа значи дека, ако лицето почине додека куќата е во карантин, а претходно не било хоспитализирано, постои голема веројатност дека нема да биде вклучено во статистиката.

Иако моментално е една од земјите најсилно погодени од епидемијата, Германија успешно се бори против стапката на смртност од коронавирусот, наведуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот