На 1 недела пред новата учебна година, промовиран е новиот дигитален учебник по математика

На една недела пред почнувањето на новата учебна година, денес е промовиран првиот дигитал учебник по математика.

„Очекуваме овој материјал да предизвика интерес за создавање нови иновативни материјали, размена на искуства со колегите, како и можности за заеднички активности во различни мултиетнички и мултикултурни средини. Овие материјали нудат широк спектар на задачи за решавање проблеми насочени кон подобрување и зајакнување на математичките вештини, функционален напредок, токму во деловите каде што учениците покажаа послаби резултати на меѓународните тестови по математика“, се вели во соопштението.

Автор на учебникот е Добри Јовевски кој оценува дека планираните активности за настава по математика даваат можности да се спроведуваат самостојно, во парови и групи.

Исто така, според Јовевски, дигиталниот учебник ги прави учениците конкурентни и ги поттикнува учениците да сакаат, да учат, вежбаат и да го практикуваат предметот математика.

Според Бирото за развој на образованието, учениците од четврто одделение ќе учат математика 5 часа неделно.

Новиот наставен концепт започнува со новата учебна година како дел од реформите во основното образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот