„Нѐ нападнаа седуммина“ – пријавиле двајца скопјани, а кога дошла полицијата, ги уапсила нив

Фото: МИА

Двајца скопјани завчеравечер пријавиле во полиција дека биле нападнати од седуммина луѓе пред кафеана во населбата Аеродром, но кога дошле полицајците, ги уапсиле пријавувачите, соопшти МВР.

„На 23.11.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале кон нив и ги навредувале, по што биле приведени во полициска станица“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот