„Нѐ отстранија од Владата, изневерени сме“, вели Африм Гаши

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вечерва во гостувањето на телевизијата „21“, говорејќи за одлуката на партијата да излезе од Владата, откри дека разговорите меѓу Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијансата за Албанците (АА) траеле шест месеци.
Гаши смета дека Алтернатива е „изневерена“ од партнерите во власта.
„Многу беше јасно дека на ДУИ поради внатрешни проблеми, комбинацијата им беше да влезе Алијанса за Албанците, и ниту АА, ниту ние да останеме во Владата“, рече понатаму Гаши.
Тој уште еднаш го нападна и владејачкиот Социјалдемократски сојуз, за кого рече дека го прекршил јавниот договор за заедничко владеење кој го потпишале.
„Во мојата имагинација беше неразбирливо да се мисли дека може да се прекрши јавен и писмен договор“, вели Гаши.