МЗТ триумфираше во првиот контролен меч против Рилски спортист

фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Втора победа по ред за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на новата сезона, овојпат во првата од двете пресметки на домашен терен против бугарскиот тим Рилски спортист со 82:65 (30-14, 21-19, 14-18, 17-14).

За актуелниот македонски шампион Марко Баковиќ беше најефикасен со 16 поени и седум скока, Душан Танасковиќ реализира 15 поени, Бојан Крстевски постигна 11, а Марко Миловановиќ 10 поени.

Зад името на Војдан Стојановски, пак, останаа запишани девет поени и по шест скока и асистенции.

„Металците“ ќе го играат вториот контролен меч против Рилски спортист денеска од 17.00 часот, а истиот ќе биде од затворен карактер.

Првиот официјален натпревар играчите на тренерот Васко Атанасов ќе го имаат на 23 септември (сабота) во Суперкупот против Феникс 2010 во СРЦ „Кале“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот