МЗТ со најголемиот предизвик во АБА2 лигата

фото: МЗТ Скопје

Денеска од 19.00 часот екипата на МЗТ Скопје ќе го одигра и третиот натпревар од АБА2 лигата на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ против Рогашка од Словенија.

Моментно на табелата води аеродромскиот клуб со максимални две победи, а Рогашка има учинок од еден триумф и пораз на четвртото место.

– Рогашка летово формира сериозен тим со многу искусни кошаркари. Ангажираа двајца плејмејкери од Приморска, имаат добар Американец на центарската позиција и на првите две средби покажаа дека сигурно ќе бидат меѓу екипите кои ќе се борт за самиот врв во АБА2, која сезонава е далеку поизрамнета. На нас е да одиграме максимално, да бидеме борбени и пожртвувани и доколку го направиме тоа, тогаш ќе може да се надеваме на позитивен исход – се зборовите на Кочов.

Играчот на „штрковите“ Ранко Мамузиќ вели дека пред македонскиот кошаркарски шампион е најголемиот предизвик во досегашниот дел од сезоната.

– Противник со највисоки амбиции сезонава во АБА2. Почетокот на домашното првенство само дополнително нè оптовари, но и покрај тоа мислам дека сме добро подготвени за овој дуел. Доколку ги послушаме советите и насоките од тренерит, тогаш ќе може да дојдеме до тоа што сите го посакуваме – рече Мамузиќ.

АБА2 лига
3. коло (двојки) –

Вторник
МЗТ Скопје Аеродром-Рогашка (19.00 часот)

Среда
Борац-Спарс (18.00)
Хелиос Санс-Нови Пазар (18.00)
Сутјеска-Слобода (19.00)
Сплит-Ловќен (19.00)
Широки-Динамик ВИП ПЕЈ (19.00)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот