МЗТ Скопје во финалето на АБА 2 лигата

Екипата на МЗТ Скопје се пласира во финалето на АБА 2 лигата откако и во реваншот пред своите гледачи беше поуспешна од Спарс. „Металците„ не дозволија драматичен исход како во првиот дуел одигран во Сараево (71:70) и со одлична игра на двата дела од кошаркарскиот терен остварија убедлива победа од 84:70.

Уште од самиот почеток кошаркарите на МЗТ Скопје тргнаа фуриозно поведувајќи со 11:2 покажувајќи му на противникот дека не треба да се надева на изненадување. Со несебична и колективна игра во нападот и фанатична борбеност во одбраната, кошаркарите на МЗТ Скопје го контролираа резултатот. Константната предност од 10-тина поени пред полувремето се намали на четири поени (41:36) поради падот на концентрацијата и двете тројки во серија на противникот.

Сепак, дилемите околу победникот беа решени уште на стартот од третата четвртина кога со серијата од 8:0, македонскиот тим направи предност од 12 поени (49:37) и до крајот не ја испушти високата предност.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Иве Иванов со 24 поени и 8 скокови, додека Дамјан Стојановски имаше скор од 19 поени и три скока. Јунакот од првиот дуел, Лестер Медфорд даде 14 поени и имаше дури девет асистенции.

Противникот на МЗТ Скопје во финалето на АБА 2 лигата ќе биде подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Приморска и Борац Чачак, во која предност од 1:0 во победи има словенечкиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот