МЗТ Скопје супериорен во дербито со Куманово

Шампионот на најдобар начин се опорави по поразот од Гостивар.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје им се врати на победите во домашниот шампионат откако во минатото коло загуби од Гостивар. „Металците“ како гости со 60:73 го совладаа Куманово во дербито на колото.

Одлучувачки момент на натпреварот беше третата четвртина кога шампионот дојде до предност од 15 поени и умешно до крајот на средбата ја одржуваше двоцифрената предност.

Центарот Бојан Крстевски со 20 поени беше најрасположен за игра кај МЗТ Скопје, а по 13 поени дадоа Николов и Милошевиќ, додека Марковски со 15 поени беше најпрецизен кај домашниот тим.

Најнеизвесниот натпревар се одигра во Битола каде Работнички го совлада домаќинот Пелистер со 115:110 во натпревари кој имаше две продолженија.
Лесколт беше најпрецизен на натпреварот со дури 43 постигнати поени, а се истакна и Мијатовиќ со 23 поени, додека кај Пелистер најефикасни беа Зекири со 28 поени и 10 скокови и Мекиќ со 25 постигнати поени.

Прочитајте и...  Федерер откри што ќе прави во пензија

Екипата на Гостивар оствари рутинска победа од 77:68 на домашен терен против тимот на Вардар. Во главната улога беа Џелетовиќ и Доналдсон кои дадоа вкупно 39 поени.

Прочитај повеќе

Лазаров прв стрелец, Кузмановски подобар во „македонското дерби“ на ЕХФ купот

Слободен печат

Ѓоковиќ: Федерер му е потребен на тенисот

Слободен печат

Бевме на чекор да ја изненадиме Русија, на крајот поразени и во Перм

Слободен печат

Премиер лига: Фернандеш ја најави победата на „црвените ѓаволи“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Тошевски за пресврт на „романтичарите“, само бод за Шкендија во Кратово

Слободен печат

Погба сака да си оди Солскјер, Јунајтед веќе „договори“ трансфер?

Слободен печат

Остави Коментар

20 − 5 =

Прочитај повеќе

Смешен момент на натпреварот Македонија ЃП-Академија Пандев! (ВИДЕО)

Слободен печат

Сега Лацио го брка Јуве, Пандев се врати и обезбеди пенал! (ВИДЕО)

Слободен печат

Таеквондо: Трајковски „златен“ во Словенија, Релиќ со бронза од Шведска

Слободен печат

Што треба да направи Милан за да го задржи Ибрахимовиќ?

Слободен печат

Проблеми за Реал: Без Азар против Сити и Барса!? (ФОТО)

Слободен печат

Интервју со Весна Витанова: Мора да се ценат сите аспекти – добриот голман е половина од резултатот!