МЗТ Скопје со ново засилување под кошевите – Слободен печат
КошаркаСпорт

МЗТ Скопје со ново засилување под кошевите

Радуловиќ во Аеродром доаѓа од словенечкиот прволигаш Тајфун од Шентјур, каде што на седум средби сезонава имаше просек од 9,4 поени и 6,9 скокови.

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во продолжението на сезоната ќе има уште една опција во играта под кошевите, откако денеска беше официјализиран договорот со српскиот кошаркар кој има и словенечки пасош, Бојан Радуловиќ (27 год., 211 см).

Станува збор за центар со искуство од најсилната АБА-лига, во која настапуваше прво со Металац Ваљево, а потоа и две сезони со Унион Олимпија и во која одигра вкупно 45 натпревари.

Тој во Аеродром доаѓа од словенечкиот прволигаш Тајфун од Шентјур, каде што на седум средби сезонава имаше просек од 9,4 поени и 6,9 скокови.

Радуловиќ кариерата ја почнал во тимот на Спартак од родната Суботица, по што има играно за Електра Шоштањ, Олимпија во два наврати по три сезони, Хелиос, Шкофја Лока и Копер Приморска. Лани, со „змајчеки“ од Љубљана беше шампион на Словенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close