МЗТ Скопје со минимален триумф ја отвори финалната серија против Еуро Никел

фото: КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 83:81 го совладаа Еуро Никел во првиот натпревар од финалето во плеј-офот.
Металците катастрофално го отворија натпреварот, Еуро Никел поведе со 0:12, а првите поени за домашниот тим ги постигна Гравет во петтата минута од натпреварот но потоа ја консолидираа играта и се вратија во натпреварот.

Во втората четвртина, во 13. минута МЗТ Скопје за прв пат поведе (27:25) и тоа благодарение на серијата 14:2. МЗТ Скопје замина од одмор со предност од 41:37 и тоа највеќе благодарение на Хасани Гравет кој постигна 10 поени во првиот дел.
Во второто полувреме, благодарение на добрата игра во одбраната, но и на шутевите за три поени, „металците“ дојдоа и до двоцифрена предност (56:45). Гостите во тие моменти одговорија со две тројки по ред на Дубински кои го натераа тренерот Дарко Радуловиќ да побара тајм-аут. Советите од тренерот резултираа со плод и домашните тим направи серија од 9:0 со кои дојде до најголемата предност од 65:51.

Последната четвртина помина во обидите на кошаркарите на Еуро Никел да ја анулираат предноста на МЗТ Скопје и успеаја во тоа во самиот финиш од средбата. Петровски на две минути до крајот постигна тројка за која Еуро Никел дојде до минус два (79:77). Но, со иста мерка во следниот напад врати Крстевски. Во последната минута, по промашувањето на Магдевски, Дубински постигна нова тројка за намалување на 82:81 на 20 секунди до крајот. Но бидејќи гостите го имаа исполнето бонусот, личната грешка на една секунда до крајот му овозможи на Мекиќ од линијата за слободни фрлања да го постави конечниот резултат од 83:81 и да му донесе водствона МЗТ Скопје од 1:0 во финалната серија.

Феми Олуџоби со 24 поени беше најдобар кај МЗТ Скопје, додека во редовите на Еуро Никел најпрецизен беше Дарко Соколов со 16 поени.
Вториот натпревар во финалето кое се игра до три победи, ќе се одигра во петок, а домаќин ќе биде Еуро Никел.

Фото: КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот