МЗТ Скопје со домашни кошаркари ги започна подготовките

фото: МЗТ Скопје

Кошаркарскиот шампион денеска ги започна подготовките за новата сезона во која ќе ја брани титулата на домашен терен и ќе се обиде да обезбеди пласман во АБА лигата.

На првиот тренинг, тренерот Ѓорѓи Кочов работеше само со домашни кошаркари, шест македонски репрезентативци и пет млади и перспективни кошаркари.  Во салата „Јане Сандански“ денеска работеа Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Иван Волкановски, Ранко Мамузиќ како и Леонид Тодоровски, Бојан Стојановски и Љубиша Димитровски, додека засилувањето од Кенија, Нуни Омот ќе се приклучи на подготовките во текот на наредната недела.

Екипата ќе се подготвува во Скопје, каде што се планира одигрување на неколку пријателски средби меѓу кои и тие против романска Крајова, чиј тренер е поранешниот тренер на МЗТ Скоје,  Александар Тодоров. На почетокот од септември е планиран настап на турнир во Романија против домашната Орадеа и унгарски Шолнок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот