МЗТ Скопје со Блокотехна се загреваше за Задар

МЗТ Скопје со 86:76 ја совлада екипата на Блокотехна во дерби пресметката на второто коло во кошаркарската Суперлига. „Металците“ иако со мислите се насочени кон натпреварот со Задар  во кој победа ги носи во АБА лигата, не дозволија изненадување иако против себе имаа квалитетен противник.

Дилемите околу победникот беа решени во вториот дел, МЗТ Скопје дојде до двоцифрена предност (64:54) на крајот од третата четвртина и умешно ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот. Соколов со 19 поени беше најпрецизен во таборот на МЗТ Скопје, додека Младеновиќ постигна 20 поени за Блокотехна.

Убедлив триумф од 32 поени разлика (88:56) оствари лидерот на табелата, Работнички, во натпреварот со Кожув. Најпрецизен во редовите на Работнички беше Стајиќ со 18 поени, а кај Кожув се истакна Пејн со 17 постигнати поени.

Најнеизвесно беше во Гостивар каде што домаќинот славеше со минимални 86:84 над Куманово. Фустингер со 23 поени беше најзаслужен за победата на Гостивар, додека Ѓекиќ уфрли 21 поен за Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот