МЗТ Скопје се ослободи од двајца странци

фото: кк мзт скопје аеродром

Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпишаа спогодбен раскин на договорите.

Нивното заминување е дел од претходно најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата.

Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот