МЗТ Скопје се испоти за да дојде до победа над ТФТ

фото: АБА2 лига

Во заостанатиот натпревар од четвртото коло во првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје со 91:78 го совладаа ТФТ.

Екипата на МЗТ Скопје по поразот во дербито против Пелистер, им се врати на победите и во заостанатиот натпревар од четвртото коло го совлада незгодниот тим на ТФТ.

Металците“ одлично го започнаа натпреварот и првата четвртина ја добија со 30:19, но гостите возвратија во втората четвртина. Кошаркарите на ТФТ со серија од 5:16 комплетно се вратија во игра и на одмор се замина нерешено (43:43).

Нерешено беше и во третата четвртина (62:62) и големата борба на двете екипи продолжи во одлучувачкиот период. ТФТ добро тргна и дојде до предност од 66:69, но кошаркарите на МЗТ Скопје возвратија со серија од 18:5 и ги решија дилемите околу победникот.

Капитенот Дамјан Стојановски со 30 поени, од кои 13 даде во првата четвртина беше најдобар кај „металците“, додека во тимот на ТФТ одлично одиграа Смит со 18 поени и 16 скока и Хери со 16 поени и 10 асистенции.
Со оваа победа МЗТ Скопје дојде до делба на седмото место со скор од 4-3 но има и три натпревари помалку од противниците, додека ТФТ е второпласиран со скор 7-3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот