МЗТ Скопје се бори за врвот во регионалната АБА2 лига

фото: кк мзт скопје аеродром

Средбата во Чачак почнува во 18 часот. Во првиот меѓусебен дуел од сезоната МЗТ го совлада Борац во Скопје со конечен резултат 76:69.

Оваа АБА 2 недела е прилично посебна, затоа што ни го носи големото дерби – Борац против МЗТ Скопје Аеродром. Доволно е само да се каже дека овие две екипи моментно ја водат трката во првенството.

Борац го држи врвот на табелата со биланс 12-2, додека МЗТ Скопје Аеродром е веднаш зад себе со резултат 11-3 (победи-порази), стои во најавата за дербито на веб-страницата на регионалното кошаркарско првенство.

Тренерот на аеродромци, Ѓорѓи Кочов вели дека српскиот тим е фаворит.

– Пред нас е натпревар против противник кој добро го познаваме и екипа која во досегашниот дел од шампионатот покажа најголема константност. Играат агресивна одбрана на граница на прекршок, особено на домашен терен. Борац, без сомнение, е фаворит пред овој дуел, но и ние имаме што да кажеме, односно и во Чачак ќе одиме на победа исто како и на секој друг меч. Ги знаеме нивни предности, но и слабости и ќе пробаме да ги принудиме да ги покажат своите слаби точки – рече Кочов.

Средбата во Чачак почнува во 18 часот. Во првиот меѓусебен дуел од сезоната МЗТ го совлада Борац во Скопје со 76:69.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот