МЗТ Скопје рутински со Динамик за седми триумф во АБА2 лигата

фото: druga.aba-liga.com

Ова е седма победа за „металците“ во АБА2 лигата и се наоѓаат на второто место, веднаш зад лидерот Борац Чачак кој има еден пораз помалку.

Првото полувреме помина во израмнета игра во која контролата врз резултатот ја имаа кошаркарите на МЗТ Скопје и на паузата заминаа со шест поени (45:51).

Во второто полувреме, „металците“ со неколку тројки дојдоа до двоцифрена предност (47:58) по што рутински го одржуваа водството до крајот на средбата и тоа благодарение на расположените Џабари Хиндс и Бојан Крстевски.

Токму Хиндс беше најефикасен во таборот на МЗТ Скопје со 22 и 13 асистенции, додека Крстевски урфрли 21 поен, а капитенот Дамјан Стојановски мечот го заврши со 19 поени. Во тимот на Динамик, најпрецизни беа Пашајлиќ и Глишиќ со по 16 поени.

Нареден противник на МЗТ Скопје во АБА2 лигата е екипата на Нови Пазар, а натпреварот се игра идната среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот