МЗТ Скопје после голема борба поразен од Игокеа

Фото: MZT Skopje

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва беа поразени на гости кај Игокеа со 96:90 во деветтото коло од АБА лигата.

Во текот на целиот натпревар МЗТ беше во подредена улога, сепак до крајот успеаа да дојдат до егал, но не и да го изненадат тимот кој од клупата го води поранешниот селектор на Македонија, Драган Бајиќ.

Од самиот старт Игокеа се направи предност и го отвори натпреварот со 11:5. До полувремето тимот од Босна дојде и до двоцифрена предност со која замина на полувреме (56:47).

Добро отвори МЗТ во второто полувреме и се врати на два поени негатива, а тогаш повторно следуваше подобар период за Игокеа. Не се откажуваше МЗТ и повторно се врати само на минус два. Во финишот гледавме егал натпревар каде што сепак Игокеа со неколку реализирани напади го одлучи прашањето на победникот.

Фантастичен натпревар одигра Кендрик Реј со 37 постигнати поени, додека кај МЗТ Мајк Кефи го заврши мечот со 21 поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот