МЗТ Скопје поразен на гостувањето кај Сплит

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа петтиот пораз во АБА2 лигата во оваа сезона откако загубија на гостувањето кај Сплит со 95:85 во рамките на 17. коло.

Бојан Крстевски со 18 поени беше најпрецизен во редовите на аеродромци, Дамјан Стојановски постигна 17 поени, а двоцифрени беа уште и Ѓорѓе Милошевиќ со 15, Ерон Харис со 11 и Џабари Хиндс со 10 коша.

„Металците“ и покрај поразот го задржаа второто место на табелата со 29 бода, еден помалку од лидерот Борац Чачак.

Во следното коло, МЗТ Скопје на 30 јануари ќе го пречека словенелкиот тим на Хелиос Домжале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот