МЗТ Скопје подготвува „метла“ за Работнички

фото: кк мзт скопје аеродром

МЗТ Скопје вечерва (20.15 ч.) пред своите гледачи во СЦ „Јане Сандански“ ја имаат првата меч топка против Работнички која им носи шампионска титула. „Металците“ во финалето на домашниот шампионат водат со 2:0 во победи против тимот од Градски Парк и потребен им е уште еден триумф за седма шампионска титула.

Не само поради водството, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов влегуваат како фаворити и во вечерашниот натпревар и поради прикажаната игра во претходните два натпревари како и проблемите со повредени играчи кај сè уште актуелниот шампион Работнички.

Имено, тренерот Марин Докузовски во финалето остана без двајцата плејмејкери, прво се повреди Димитар Мираковски, а во вториот натпревар, Димитар Караџовски по неполна минута заработи повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот