МЗТ Скопје по трет пат поразен, Приморска во АБА лигата

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје не успеа да триумфира во АБА-2 лигата, губејќи и трет пат по ред од Приморска која од наредната сезона ќе игра во најквалитетното регионално кошаркарско натпреварување. Словенечкиот тим победи со 66:61 во Скопје и со 3:0 во победи ја доби финалната серија со „металците“.

МЗТ Скопје вечерва одигра далеку подобро од првите два натпревари кои ги загуби со двоцифрена разлика. Првата четвртина „металците“ ја решија во своја корист си 21:19 и водството го одрживаше до средина на втората четрвтина, за потоа Приморска да го преземе водството и на одмор заминаа со предност од 34:39. На стартот од вториот дел, Приморска успеа да направи двоцифрена предност (34:44) која умешно ја одржуваше до крајот на натпреварот и ги одби сите налети на „металците“ да направат пресврт иако преку Иванов дојдоа на само еден поен негатива (61:62). Приморска одговори преку Шишко и по блокадата врз Медфорд беше јасно дека победата им припадна на гостите.

Андрија Бојиќ со 20 поени и осум скокови беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје, а Џејмс Вудард даде 18 поен.

Сепак, поразот во финалната серија не значи и дефинитивен крај на надежите на МЗТ Скопје наредната сезона да игра во АБА лигата, тие како второпласиран тим ќе играат  бараж со Задар. Првата екипа која ќе дојде до две победи ќе игра во АБА лигата, а предноста на домашен терен ја има хрватскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот