МЗТ Скопје не ја искористи првата меч топка

Кошаркарите на МЗТ Скопје пропуштија одлична можност вечерва да ги решат сите дилеми околу последниот патник во АБА 1 лигата. Во СРЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје загуби со 77:78 од Задар и во мајсторката на гостински терен во Хрватска ќе мора да го бара влезот во најквалитетното кошаркарско регионално натпреварување.

МЗТ Скопје ја имаше победата во своите раце, играше одлично во првиот дел (43:35), а второто  полувреме го започна со серија 8:2 со која дојде до најголемата предност од 14 поени (51:37). Но кога требаше да се искористи моментот и да се обезбеди победата, „металците“ застанаа и му дозволија на хрватскиот тим да се врати во игра. Во 34. минута Задар успеа да дојде и до водство (61:63).

Во завршницата, на две минути до крајот, хрватскиот тим влезе во шест поени предност (69:75), а одговорот на МЗТ Скопје дојде преку Вудард и неговите пет поени во серија за 76:77. Центарот на Задар, Лука Жориќ на 15. секунди до крајот реализира само едно слободно фрлање, идентично, и на спротивната страна, Вудард погоди само еднаш за 77:78. Но одбиената топка од второто слободно фрлање ја фати Бојиќ давајќи му шанса на МЗТ Скопје да триумфира. Шутот на Вудард во последните моменти од мечот беше непрезицен по што победата му припадна на Задар.

Вудард со 26 поени беше најпрецизен на средбата, Медфорд даде 17, а Иванов уфрли 14 поени.
Последниот натпревар од бараж серијата ќе се игра на 30 април (17 ч.) во Задар, а победникот ќе обезбеди пласман во АБА 1 лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот