МЗТ Скопје на мегдан со поранешниот европски шампион

фото: кк мзт скопје аеродром

Екипата на МЗТ Скопје вечерва го игра дерби натпреварот од шестото коло против екипата на Сплит. Хрватскиот тим е далеку од славните денови од пред 20-тина години кога под името Југопластика, а Поп 84 доминираше во Европа и три пати ја освои титулата европски шампион.

Тренерот Ѓорѓи Кочов е претпазлив пред овој дуел, оставајќи му ја фаворитската улога на противникот, што секако може да биде психолошки товар. Нашите момци сезонава се беспрекорни на домашен терен (три од три), што секако е и дополнителен мотив да се продолжи победничката низа.

– Ни доаѓа екипа што според мене го има најдобриот состав во АБА2-лигата. Ако ги споредите моменталните ростери на двата тима, ќе сфатите дека ова ќе биде борба да Давид против Голијат. Дел од моите играчи за првпат ќе се сретнат со поранешниот европски шампион, а според мене нема поголем мотив одиграњето против клуб како Сплит. Ќе направиме сѐ што можеме за да ги подготвиме кошаркарите за овој дуел и средбата да ја доведеме во тесна завршница во која потоа сѐ ќе биде можно“, изјави Кочов.

МЗТ Скопје во моментов има скор 4:1 и е на делба на првото место со Борац Чачак, Сутјеска и Широки, додека Сплит има учинок 3:2 и е веднаш зад водечкиот квартет. Ова ќе биде петти дуел на двата тима досега, а досегашниот меѓусебен скор е 3:1 во корист на тимот од Аеродром. Во АБА2 резултатот е 2:0 за „металците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот