МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога против Кожув

Фото: kfsm.mk

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром брзо се вратија „на колосек“. После поразот во дербито од Работнички во „вечната“ пресметка, составот предводен од Ѓорѓи Кочов славеше победа над Кожув со 81:75.

Доста израмнето протекна првата четвртина од дуелот во СЦ „Јане Сандански“. МЗТ имаше постојано водство, на крајот го имаше и по истекот на 10 минути од играта (18:17). Својата прва резултатска предност гостите од Гевгелија го остварија по две минути игра од втората (23:21), период во кој Максвел ги погоди првите четири обиди од поле.

Во средишниот дел од втората четвртина, „металците“ го вратија водството. По 16 минути водеа со пет поени предност, (33:28). А по поените на Мекиќ тоа беше уште повисоко (38:30).

Победа за паметење на ТФТ во Првата лига

Максвел и Скот најдоа одговор на тој напад, за (34:38). За кратко, ако се земе в предвид дека наредните шест поени го донесоа тимот од Аеродром и до двоцифрена предност, (44:34), за тој дел од играта да финишира во корист на екипата-домаќин од два поени помалку, (44:36).

Третиот период од играта им припадна на гостинските кошаркари. Дел од игра во кој скоро во целост ја анулираа негативата (57:59) и внeсоа неизвесност во мечот. Дел од игра во кој Симоновски му се придружи на Максвел во поентирањето, а Бојиќ беше единствениот кај МЗТ Скопје Аеродром со двоцифрен број на поени -21.

Но и тоа беше со „краток век на траење“ затоа што „сино-белите“ го одбранија тој напад, стигнаа до (78:70), кои во последните 90. секунди ги претворија во прв триумф во новата сезона. За МЗТ блескаше Бојиќ со 25 поени, а на спротивната страна истиот учинок го имаше и Максвел (девет скока).

Во другите средби Куманово се намачи со вториот тим на МЗТ Скопје, но победи (77:73), а Еуро Никел 2005 беше убедлив против Академија ФМП (96:82).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобил – ТФТ 69:79

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 81:75

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка 77:73

Еуро Никел 2005 – Академија ФМП 96:82

Пелистер – Вардар одложено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот