МЗТ Скопје и Работнички ќе играат во Бања Лука!

Фото: kfsm.mk

Вториот турнир од сезоната 2020/2021 во АБА 2 лигата ќе се игра во Бања Лука. Домаќин на т.н. „балон“, вториот во оваа сезона, ќе биде екипата на Борац од Бања Лука, со помош на Игокеа од Александровац, учесник во АБА конкуренцијата.

По Златибор, двата македонски претставници во првиот месец од 2021 година ќе треба да се префрлат од домашните, на предизвиците кои со себе ги носи играњето во ова регионално натпреварување.

Во текот на јануари, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе одиграат уште четири или пет натпревари од регуларниот дел.

Засега, МЗТ Скопје Аеродром со скор од три победи и еден пораз е на делба на второто место на табелата.

Работнички има половичен ефект, две победи и два порази, и е во средишниот дел на табелата во АБА 2 конкуренцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот