МЗТ Скопје и Куманово ќе играат мајсторка, Работнички во полуфинале

Луис и Николиќ се новите засилувања летото за КК Куманово/фото: КФСМ

Кошаркарите на Куманово успеаја да го совладаат МЗТ Скопје со 99:95 во вториот четвртфинален натпревар по што патникот во полуфиналето ќе бидат познат по одигрување на мајсторката.
Првата четвртина помина во израмнета игра, Куманово отвори со 4:0, но МЗТ експресно одговори со серија од 0:6 по што се играше израмнето без некоја поголема предност на една од екипите. Првиот удар го зададе Куманово во втората четвртина кога направи серија од 10:0 со која дојде до водство од 46:36. „Металците“ до полувремето успеаја да „скратат“ од негативата само четири поени, но веќе во третата четвртина ја вратија резултатската неизвесност по што стана јасно дека победникот ќе се одлучува во самиот финиш од натпреварот.

На 120 секунди до крајот, резултатот беше израмнет 88:88 по што Горјан Марковски постигна пет поени по ред за во финишот, победата да ја потврди Ливингстон со двете слободни фрлања и да закаже мајсторка в недела која ќе го даде последниот полуфиналист во плеј-офот.
Отис Ливингстон со 24 поени беше најдобар кај Куманово каде се истакнаа и Андрејевиќ со 17 поени и Црниќ со 14 постигнати поени.  Во редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски беше најпрецизен до 24 поени.

Екипата на Работнички е третиот полуфиналист откако во вториот натпревар славеше со 86:80 над ТФТ. Тимот од Градски парк од првата четвртина кога ја доби со 25:14 имаше резултатска контрола над резултатот. Предноста се зголеми и на 16 поени во втората четвртина (33:17) но кошаркарите на ТФТ со одлична игра пред се во одбраната успеаја да се вратат во игра во последната четвртина кога дојдоа до минус еден 63:62, а потоа и да поведе со 64:63, но играчите на Работнички навреме ги консолидираа своите редови и успеаја да дојдат до победа која им обезбеди полуфинална пресметка со Еуро Никел.
Амир Смит со дабл-дабл од 17 поени и 19 скока беше најдобар кај ТФТ каде се истакнаа и Бејли и Николов кои дадоа по 16 поени. Во редовите на Работнички, Ерик Питс беше прво име со 29 поени, Младеновиќ даде 13 поени, а по 12 поени натпреварот постигнаа Караџовски и Младеновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот