Фото: КФСМ

МЗТ Скопје го прегази Работнички во дербито за полуфинале против Пелистер

Eкипата на МЗТ Скопје славеше во 168пто дерби против Работнички и тоа со убедливи 97:68 во четвртфиналето од Купот на Македонија.

МЗТ кој го брани трофејот во ова натпреварување во целост го надигра ривалот и стигна до третата победа сезонава во натпреварите со големиот ривал. МЗТ речиси во целиот натпревар со исклучок во првите минути. Сепак и по првиот период „штрковите“ имаа водство од 22:16.

Клучната разлика за победата МЗТ ја направи во второто полувреме. Во тој период Работнички беше без поен цели пет минути, а МЗТ тоа го искористи и поведе со 45:28.

Како што одминуваше времето во продолжение, МЗТ само ја зголемуваше предноста, а на крајот и убедливо победи. Во редовите на МЗТ најефикасни беа Едвин со 16 и Маслинко со 14 поени, додека кај Работнички Капетановиќ постигна 16, а Полутак и Ефремовски имаа по 11.

Во полуфиналето МЗТ ќе игра против Пелистер, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Кожув и Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот