МЗТ Скопје го потврди настапот во АБА2 лигата

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

Ова ќе биде втора сезона во ова натпреварување за МЗТ Скопје Аеродромо, во која ќе даде сѐ од себе да направи еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита.

Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во составот на „штрковите“.

Аеродромци лани играа во финалето од ова натпреварување кое за првпат беше во плејоф-формат против Сикст Приморска.

Немаа среќа во бараж-пресметката против Задар, во која Џејмс Вудард во вториот меч имаше шут за враќање во првата АБА лига, кој за жал не успеа да го реализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот