МЗТ Скопје го демолира бугарски Левски

фото: МЗТ Скопје Аеродром

Екипата на МЗТ Скопје оствари убедлив триумф од 20 поени разлика во првиот од предвидените два контролни натпревари со најдобриот бугарски тим Левски Лукоил.

„Металците“ славеа лесна победа од 94:74.

Кошаркарите на МЗТ Скопје уште во првата четвртина ја демонстрираа моќта против бугарскиот тим правејќи серија од 17:3, а во втората четвртина предноста на избраниците на Ѓорѓи Кочов изнесуваше и 21 поен разлика (36:15).
Во второто полувреме, кошаркарите на МЗТ Скопје рутински ја одржуваа предноста од 20-тина поени и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да ја врати резултатската неизвесност.

Најрасположени во тимот на МЗТ Скопје беа Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски со по 17 поени, Феми Олуџоби постигна 15, а Хасани Гравет 10 поени и 10 асистенции. Вториот натпревар ќе се игра утре со почеток во 14 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот