МЗТ Скопје „преживеа“ Кожув

МЗТ Скопје ја задржа лидерската позиција на табелата во Суперлигата и по шестото коло, откако успеа да слави над Кожув и тоа по продолжението од пет минути. Иако во минатото коло го декласира актуелниот шампион Работнички со 22 поени разлика, за триумф над петтопласираниот во Суперлигата, Кожув му беа потребни дополнителни пет минути за да слави со 89:88.

„Металците“ прво во регуларниот дел успеаја да се спасат од пораз, благодарение на поенот од слободно фрлање на Вудард, а во продолжението, капитенот Дамјан Стојановски со тројката во последните моменти успеа да донесе триумф на својот тим од минимални 89:88.

Токму Стојановски со 22 поени беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје, додека 16 поени постигна Вудард. Кај Кожув се истакна Кесар со 20 поени и 11 скокови.

Екипата на Работнички, брзо се рехабилитираше од поразот од МЗТ Скопје и со 97:71 го совлада Куманово. Сите дилеми околу победникот беа решени во првата четвртина која Работнички ја доби со 24:12 и до крајот на натпреварот само го зголемуваше водството.

Бобан Стајиќ со 24 поени беше најпрецизен во редовите на Работнички, додека во редовите на Куманово, најпрецизен беше Ѓекич со 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот