МЗТ Скопје без мака го совлада Куманово

фото: КК МЗТ Скопје

МЗТ СКопје Аеродром со 75:58 го совлада Куманово во дербито на четвртото коло од домашниот шампионат. „Металците“ беа подобар противник од Куманово, првара четвртина ја добија со 24:17, а во втората го засилија темпото и на одмор заминаа со двоцифрена предност (46:32).

Во второто полувреме, избраниците на Ѓорѓи Кочов рутински ја одржуваа предноста и на крајот ја забележаа третата победа. Прво име во победата на „металците“ беше капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени, Кристијан Николов даде 15, додека кај Куманово се истакна Давид Миладиновиќ со 14 постигнати поени.

Екипата на Гостивар игра одлично на стартот од сезоната и по големата победа над МЗТ Скопје во минатото коло, овој пат го совлада Вардар и тоа како гостин со 55:86. Гостиварци со фуриозна игра во првата четвртина (6:24) го решија победникот. Доналдсон со 20 постигнати поени беше најпрецизен во победничкиот тим, додека во редовите на Вардар единствен играч со двоцифрен број на поени беше Темелковски со 10.

Кожув во Гевгелија ја забележа највисоката победа во четвртото коло, тие со 112:65 го совладаа вториот тим на МЗТ СКопје, додека предноста на домашниот терен ја искористи и Еуро Никел кој со 85:69 ја победи ФМП Академија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот