МЗТ Скопје Аеродром закажа полуфинална пресметка со ФМП Академија

Фото: kfsm.mk

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја прескокна првата пречка на патот кон трофејот во Купот „Благоја Герогиевски Буштур“.

Во последниот четвртфинален меч од петочната програма на турнирот во СРЦ „Кале“ – Скопје, аеродромци беа подобри од Куманово со резултат 100:84.

Кај „штрковите“ Стојановски беше најефикасен кој забележа 20 поени, Гравет имаше 16, Бојиќ 15, а Крстевски 13.

За Куманово 2009 далеку најдобар кај стрелците со 27 поени, беше Ливингстон, потоа Марковски даде 15, а Глигоријевиќ 12.

Во полуфиналето МЗТ в сабота од 17.00 часот ќе ги одмери солите со Навико ФМП Академија, додека Работнички ќе ги одмери силите со Еуро Никел од 19.30 часот.

Дарко Радуловиќ, тренер, МЗТ Скопје Аеродром:

– Знаев дека ќе биде тежок натпревар, во два наврата Куманово во првенството ни правеше проблеми, но успеавме да го искористиме тоа искуство. Кога паднавме малку во играта успеавме да погодиме неколку важни шутеви и ја поддржавме разликата која цело време беше во наша корист. Им честитам на Куманово за борбата, покажаа дека се зрели и дека можат да се вратат, а ние продолжуваме утре. Искрено, не сме се подготвувале за ниту еден противник освен Куманово. Можеби сме фаворити, но видовте дека се може да се случи. Наша предност е долгата клупа, мора да го искористиме тој адут.

Куп: Еуро Никел 2005 го елиминираше Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот