МЗТ Скопје Аеродром убедливо славеше против Еуро Никел 2005

фото: КФСМ

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога во Кавадарци откако со 61:81 триумфираше над Еуро Никел 2005 во 19 коло од Првата кошаркарска лига.

Сосема солидно прво полувреме имаа кошаркарите на МЗТ во салата „Јасмин“, за 20 минути игра стекнаа со двоцифрена предност (40:30). Во вториот дел Еуро Никел 2005 се доближи на 38:45), но МЗТ не дозволи резултатска неизвесност, па повторно ја зголеми позитивата (54:39), во 26 минута од мечот.

Новата позитива на МЗТ од 65:42 се покажа како недостижно за клубот од Кавадарци, па така составот на Драган Николиќ дојде до планираните бодови. Кефи ги предводеше „металците“ со 15 поени, а на спротивната страна Планиниќ реализираше 20.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром 61:81
Кожув – Пелистер 88:100
Куманово 2009 – Работнички 54:82
Чаир 2030 – Гостивар 88:93
Феникс 2010 – ТФТ Мozzart 66:76
Струмица 2022 – Навико Академија ФМП 94:99

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови, Пелистер 34, ТФТ Mozzart 32, Гостивар 32, Работнички 30, Феникс 2010 30, Еуро Никел 2005 30, Кожув 27, Чаир 2030 23, Навико Академија ФМП 23, Куманово 2009 23, Струмица 2022 21;

ИДНО КОЛО (01.04)

Навико Академија ФМП – Куманово 2009
ТФТ Mozzart – Струмица 20222
Работнички – Чаир 2030
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Гостивар – Еуро Никел 2005
Пелистер – Феникс 2010

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот