МЗТ Скопје Аеродром со втора победа на турнирот во Златибор

Преселбата на Гравет во Орландо е прва во историјата на кошаркар од македонското првенство директно во НБА/Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

МЗТ Скопје стигна до уште една победа на турнирот на Златибор. Како дел од третото коло во АБА 2 лигата, составот од Аеродром славеше против босанскиот Широки Бријег со 73:80.

Во натпревар во кој популарните „металци“ имаа постојано водство, во еден момент од второто полувреме и од 14 коша разлика, на крајот, сигурен триумф за поместување во оној горен дел од табелата во кој има неколку екипи со ефект од две победи и еден пораз, а кои го делат второто место.

Македонскиот претставник до вториот триумф по ред дојде најмногу благодарение на Американецот Олуџоби кој реализираше 24 поени, втор стрелец беше Стојановски со 15 поени. На спротивната страна Хрватот Буљевиќ постигна 20 поени, а два помалку запиша Дрезњак.

На табелата води Студентски Центар од Црна Гора со максимални шест бода, пред Спарс Сараево, МЗТ, Слобода, Подгорица и Работнички кои имаат по пет. Аеродромци својот четврти меч ќе го имаат на 18 ноември против Борац Бања Лука.

В понеделник од 21.00 часот Работнички ќе го игра својот последен четврти меч во „балонот“ на Златибор. За противник, Димитар Мираковски и неговите играчи го имаат амбициозниот Младост од Земун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот