МЗТ Скопје Аеродром славеше во вечното дерби против Работнички

фото: kfsm.mk

Денеска во рамките од 14 коло во Првата македонска кошаркарска лига пред одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ се сретнаа вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. На крајот триумфираше актуелниот шампион МЗТ со резултат 91:87.

Домаќините во воведниот дел од мечот стекна предност од 15:10, а нешто подоцна и позитива од „плус осум“ (21:13). Следуваше одговорот на Работнички преку Малешевиќ кој реализираше 13 поени за да се намали негативата на 20:23, а потоа и поведе со 24:23. Следуваше серија од 10 поени на „металците“, во нешто повеќе од три минути од втората четвртина за највисоки 33:24.

По тројката на Вер, МЗТ имаше и двоцифрена позитива (36:25). Но, уште еднаш гостите вратија, сега со пет поени по ред, и во 15 минута од дербито, да се доближат на 30:36. Следуваше нов пад во играта на МЗТ, тоа го казни Работнички преку Нотиџ и Шошкиќ и ја врати повторно ја врати неизвесноста (39:41) на 01:44 мин. пред крајот на првото полувреме.

Гостите од „Градски парк“ имаа шанса да стигнат и до егал резултат. Бакоч не реализира две слободни фрлања, за веднаш, со тројка да казни В. Стојановски, погоди и Абу, за ново одвојување, сега на 56:47 во 25 минута. Гостите уште еднаш собраа сили за едноцифрен минус, по три четвртини беше 57:66.

Во последната, првакот играше на крилјата на Војдан Стојановски. По неговиот нов точен обид вреден три поени тимот од Аеродром одново се одвои на двоцифрена разлика (73:63). Но, Работнички повторно наоѓаше начин да се врати резултатски, Нотиџ ја намали негативата (72:75), на 04:22 минути до крајот на средбата.

Работнички имаше и шанса да направи целосен пресврт, но во одлучувачките моменти не ги реализираше слободните фрлања. Прво Нотиџ, потоа и Форте, кој на осум секунди пред крајот беше исто така половичен, и постави 87:89. Дојде казната од В. Стојановски, за победа, и одбрана на првото место на табелата со скор (12-2).

Најефикасен во победничките редови беше В. Стојановски со 26 поени (пет скокови, четири асистенции), Вер имаше 13 поени, а исто толку и Абу кој запиша и 11 скокови. На спротивната страна за тимот од Градски парк Нотиџ доминираше со 31 кош (шест скокови), додека Форте забележа 23 поени (осум скокови, пет асистенции).

Прва кошаркарска лига
Резултати, 14 коло

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 91:87
Феникс 2010 – Струмица 2022 85:71
Пелистер – Навико Академија ФМП 81:67
Кожув – Куманово 2009 94:76
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 80:66
ТФТ – Гостивар 91:77

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, Пелистер 25, ТФТ Моцарт 23, Феникс 201 23, Еуро Никел 2005 23, Гостивар 23, Работнички 21, Кожув 20, Куманово 2009 17, Чаир 2030 17, Навико Академија ФМП 17, Струмица 16

Следно коло (11 февруари)

Работнички – Гостивар
Еуро Никел 2005 – ТФТ Моцарт
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром
Чаир 2030 – Кожув
Струмица 2022 – Пелистер
Куманово 2009 – Феникс 2010

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот