МЗТ Скопје Аеродром се врати од „минус 16“ и успеа да го совлада Пелистер

фото: kfsm.mk

Годината што му донесе нова шампионска титула и враќање во АБА-лигата на домашна сцена МЗТ Скопје Аеродром ја заврши како што доликува – со победа на гостувањето против големиот противник изминативе сезони, тимот на Пелистер (83:79).

По голема борба во сите 40 минути, играчите предводени од Васко Атанасов, а без повредениот Страхиња Миќовиќ, одиграа машки до самиот крај, умешно одговорија на сите предизвици и запечатија со деветтата победа по ред.

МЗТ со овој триумф се зацементира на првата позиција на табелата со скор 10-1, односно со две победи повеќе од првите ривали, Пелистер и Гостивар.

Вечерашната победа е посебно слатка за „металците“ бидејќи до неа дојдоа на секогаш жешкиот битолски терен и тоа со надополнување на негатива од 16 поени (18:34) во која се најдоа пред нè поради фантастичниот шут за тројка на Пелистер во првото полувреме (вкупно седум).

Не падна МЗТ со духот, играше според зацртаното и полека, но сигурно ја топеше предноста на „зелено-белите“, за да на крајот со серија 11:2 да дојде до највисоките „плус осум“ (78:70) кои му ја обезбедија посакуваната победа.

Кефи и Крстевски со по 22 поени беа најпрецизни во редовите на МЗТ, а на спротивната страна по 20 коша имаа Карутерс и Хаџифејзовиќ.

Ја плати цената за поразите: Ацо Петровиќ повеќе не е тренер на МЗТ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот