МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Работнички следната сезона учесници во АБА 2 лигата

фото: kfsm.mk

АБА 2 кошаркарската лига следната сезона ќе биде проширена, ќе се игра во поконкурентен формат, а сега е познат и списокот на учесници во второто по ранг регионално натпреварување, како и шеширите пред ждрепката на групите што ќе се одржи на 15 јули.

Македонија ќе ја претставуваат три екипи: МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и Работнички.

Останатите учесници во ова натпреварување за следната 2024/25 сезона се: Војводина, Златибор, Подгорица, Борац Бањалука, Хелиос, Широки, Сутјеска, Босна, Цедевита Јуниор, Илирија, Шибенка, Вршац и Теодо Тиват.

Во првата фаза од натпреварувањето ќе се формираат четири групи со четири екипи. Во втората фаза ќе се формираат две групи со по четири екипи, по што ќе следи полуфиналната серија, која како и финалето ќе се игра врз основа на два добиени натпревари.

Победникот на АБА 2 лигата сигурно ќе избори место во елитното регионално клубско друштво кое од 16 ќе се намали на 14 клуба во текот на следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот