Еуро Никел на гостински терен го изненади МЗТ Скопје Аеродром (87:75) во новиот натпревар од македонската Прва лига.
Иако после првото полувреме водеа „штрковите“ со 45:41, на крајот до победата дојде кавадаречката екипа која последната четвртина ја освои со 19:33.
Прв стрелец во победничките редови беше Дарко Соколов кој забележа 30 поени (шест скока), следен од Антон Казарновски (14 поени, девет скока).
На спротивната страна 26 поени (четири скока) беа дело на Дамјан Стојановски, а „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 10 скока имаше Андрија Бојиќ.
Во шампионатот се одигра уште еден меч, ФМП Академија триумфираше на гостувањето кај Вардар со резултат 79:82. На табелата дури четири екипи го делат првото место со по седум бодови, ТФТ Скопје, Еуро Никел, Куманово и ФМП Академија.