МЗТ Скопје Аеродром ја слави осмата шампионска титула

Фото: kfsm.mk

Денеска „металците“ славеа и во третиот натпревар од финалниот плеј-оф во најдобрата македонска кошаркарска лига, во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Еуро Никел 2005 со конечен резултат 89:78 за вкупни и конечни 3:0 во серијата.

Така, по осми пат во својата историја МЗТ Скопје Аеродром се закити со осма шампионска титула, воедно сезонава ги обедини двете круни, по освојувањето и на националниот Куп.

На денешниот дуел кај стрелците во победничките редови доминираше А. Магдевски со 21 поен (шест скокови), следен од Б. Крстевски со 16 поени и седум скокови. Токму наградата за најкорисен играч (МВП) ја доби репрезентативецот Магдевски.

За тимот од Кавадарци по 16 поени имаа Р. Рикиќ (12 скокови) и Н. Караколев, а 15 коша, но и пет загубени топки запиша Ј. Петровски.

Овој меч од трибините го следеше и селекторот на нашата сениорска репрезентација Драган Бајиќ, во друштво на раководството на КФСМ, во „живо“ да се увери во квалитетите на репрезентативните кандидати, од кои во поголем број се од страната на екипата на МЗТ, барем во изминатиот квалификациски циклус за Евробаскетот 2022.

Јасно и поради што доколку се знае дека веќе во средината на јули следуваат подготовките за августовските претквалификации за пласмна на Светскиот Куп во 2003 година. А добар дел од играчите веројатно и ќе се најдат на поширокиот список на новиот предводник на репрезентативниот состав.

Видео на денот