МЗТ се врати на победничките патеки во АБА2 лигата

фото: Sloboda/Darko Zabus)

После поразот во минатото коло од Ловќен Цетиње, денеска македонскиот кошаркарски шампион ја оправда фаворитската улога кај Слобода во Босна и Херцеговина со 69:82 (14:21, 14:28, 19:20, 22:13) во рамките од 12. рунда во АБА2 лигата.

Нашиот претставник фантастично го одигра првото полувреме и веќе по пет минути игра дојдоа до првото двоцифрено водство (17:6). Со тоа беа урнати сите надежи на домаќинот за евентуално изненадување, со оглед што разликата во корист на МЗТ само се зголемуваше, за огромни плус 21 на крајот од првото полувреме (49:28).

Останатиот дел од средбата беше обична рутина, умешно се одржуваше високата позитива, која на почетокот од последниот период изнесуваше и највисоки „плус 27“ (74:47).

За МЗТ Скопје Аеродром најефикасни беа Ѓ. Милошевиќ со 19 поени (шест скокови, четири асистенции) и Е. Херис со 18 поени (пет украдени топки). Во босанската екипа В. Грег запиша 18 поени (10 скокови, шест загубени топки) и Д. Јањиќ со 11 поени.

Со новите бодови играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов се наоѓаат моментно на второто место после деветтата победа во регионалното натпреварување со 21 бод, два помалку зад водечкиот Борац.

Во наредното коло на 25. декември во СЦ „Јане Сандански“ „металците“ имаат шанса да запишат уште еден триумф против последнопласираниот во генералниот пласман, Спарс Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот