МЗТ против Сутјеска ја брка и петтата победа

mztskopjeaerodrom.mk

Денеска МЗТ Скопје ќе го игра и петтиот натпревар од АБА2 лигата, противник е Сутјеска против која ќе се обиде да ја продолжи победничката серија во новата сезона.

Тренерот на аеродромци, Ѓорѓи Кочов пред денешниот петти меч во регионалното натпреварување вели дека неговите играчи треба да најдат начин како да го запрат нападот на наредниот противник.

– Секој натпревар во АБА2 е исклучително важен за нас и затоа ќе имаме максимален сериозен пристап на средбата со Сутјеска. Екипа со огромно искуство и квалитет во ефикасност. Едноставно можат да постигне кош од која било позиција, мораме да најдеме начин да ја намалиме нивната прецизност. Доколку го направиме тоа, можеме да се надеваме на значаен триумф – рече тренерот на „металците“, Кочов.

Македонскиот шампион има четири победи и е единствениот без пораз со осум бодови на второто место, а црногорскиот претставник има биланс од три победи и еден пораз на четвртата позиција.

Натпреварот Сутјеска – МЗТ Скопје ќе се игра вечерва од 19.00 часот во Спортскиот центар „Никшиќ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот