МЗТ по вторпат го преслуша ТФТ како загревање за дуелот со Партизан

МЗТ со победа во СРЦ „Кале“ ја започна одбраната на титулата/фото: mztskopjeaerodrom.mk

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона дојде и до втората победа во низа против ТФТ (74:60) во последните 10 дена, со која успешно ја почна новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

ТФТ се држеше до средината на вториот период, кога со серија од 12:1 МЗТ дојде до највисоките дотогаш „плус осум“ (37:29) и најави освојување на бодовите.

Пред крајот на третата четвртина „металците“ веќе ја достигнаа и границата од 20 поени разлика, со што само го потврдија триумфот во СРЦ „Кале“.

Бојан Крстевски и Мајк Кефи (шест асистенции) со по 13 поени беа најпрецизни во победничките редови, а на спротивната страна Лаклан Андерсон запиша 12 поени и шест скокови.

МЗТ в понеделник (10 октомври) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 16.00 часот ќе го игра вториот меч во АБА лигата против белградски Партизан. Билетите се веќе во продажба преку интернет, на продажните места на МК Тикетс и на билетарницата пред салата во Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот