МЗТ нема да настапи на турнирот во Кина: Организаторот ги променил плановите во последен момент

Фото: МЗТ Скопје

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе мора да ги промени плановите за подготовките во пресрет на новата сезона.

Како што со соопштение денеска информираа од таборот на МЗТ, организаторот во последен час ги информирал дека им го откажува учеството.

Соопштението на МЗТ во кое македонскиот клуб ја образложува ситуацијата ви го пренесуваме во продолжение:

МЗТ Скопје Аеродром ги известува своите навивачи, симпатизари, но и целокупната домашна спортска јавност дека, за жал, нема да настапи на турнирот во кинескиот град Чонкинг (29 август-1 септември), кој требаше да биде главен предизвик за нашите момци во подготвителниот период за новата сезона.

Неодамна, неочекувано, од организаторот добивме информација дека поради работи кои се надвор од нивна, а со тоа и од наша контрола, морале да ја ревидираат листата учесници и дека таа најверојатно ќе биде сведена само на тимови од нивната држава. Така барем ни беше кажано од нивна страна, со цел да се оправда прекршувањето на веќе потпишаниот договор.

Ваквиот неочекуван потег дојде во лош момент за нашиот стручен штаб, кој целокупниот распоред пријателски средби го „врзаа“ токму со гостувањето во Кина, но едностано некогаш не се може ништо против т.н. „виша сила“. Тренерот Васко Атанасов и кошаркарите периодот го користат за напорни тренинзи, а во скоро време ќе биде објавена и ревидираната листа контролни мечеви, со напомена дека токму порди турнирот во Чонкинг пропуштивме низа пријателски средби против реномирани ривали надвор од Македонија.

Новата сезона за сино-белите момци почнува на 24 септември, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува црногорски Теодо на стартот од АБА2-лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот