МЗТ не се предава и сонува опстанок: Задар ,,падна” во ,,Јане”

Фото: АБА лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје не се предаваат и сѐ уште веруваат во опстанокот во АБА лигата, денес во ,,Јане Сандански” беше совладат тимот на Задар со 84:80.

Имаа плус 20 кошаркарите во „сино-бела“ комбинација, онаа скопската секако во однос на задарската. Но до крајот на мечот кој беше еден од оние три кои се нарекуваат „да се биде или не“, стравуваа за победата, за опстанокот во јадранската конкуренција.

На крајот, тој голем „вишок“ го одбранија популарните „металци“, па стигнаа до петтата победа во АБА лигата.

Останува да ги добијат и наредните два натпревари, а нивниот конкурент, Борац од Чачак да ги загуби последните, за да се стигне до баражот.

Мајк Кефи со 19 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје, Миќовиќ постигна 15, имаше и 11 скокови, додека Кук реализираше 14 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот