МЗТ на „крилјата“ на Стојановски го урна Сплит!

aba-liga.com/Petr Stojanovski

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја забележа петтата победа во АБА2 лигата против Сплит со резултат 70:64 (15:14, 12:20, 20:13, 23:17).

Дамјан Стојановски беше најзаслужниот за новите бодови на македонскиот шампион, со 24 поени (вкупен индекс 27). Четири поени имаше во последната минута кои беа клучни за триумфот.

На 30 секунди до крајот на средбата, при водство од 66:64 нашиот репрезентативец имаше два реализирани поени, во наредниот напад Хрватите не реализираа тројка, а конечниот епилог од две слободни фрлања го постави Стојановски.

Најефикасен кај „металците“ беа Д. Стојановски со 24 поени (шест скокови), следен од Б. Крстевски со 12 поени (осум скокови, четири асистенции). За хрватскиот претставник доминираа Т. Габриќ со 12 поени (осум скокови) и Д. Бајо со 11 поени (пет скокови).

Во некомплетното коло кошаркарите на тренерот Ѓорѓи Кочов се вратија на првото место во генералниот пласман со 11 бодови.

Во наредното седми меч популарните „штркови“ ќе играат на гостински терен во Словенија против составот на Хелиос Домжале на 12 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот