МЗТ како првопласиран го очекува мечот против Феникс 2010
После поразот на Пелистер од ТФТ (89:78), екипата на МЗТ Скопје Аеродром е повторно на врвот од табелата во македонската Суперлига.
А „металците“ за да останат на првото место во генералниот пласман, потребна им е победа во денешниот нов лигашки натпревар на домашен терен против Феникс 2010 кој ќе започне од 19.00 часот.
Со триумф, МЗТ би бил осамен на првата позиција во Суперлигата, што секако ќе биде голем мотив за играчоте на Петровиќ во пресрет на клучниот дел од сезоната во кој главна цел е одбрана на титулата.
Ова е последен дуел за „сино-белите“ во СЦ „Јане Сандански“ пред плеј-офот, поради што клубот апелира до сите навивачи и симпатизери да дојдат на трибините и да ја дадат потребната поддршка.
На табелата води МЗТ со 54 бодови, еден повеќе од Пелистер, додека Феникс 2010 е на шестото место со 43 бодови.